Тешко повреден војник од Скопје додека вежбал со ракетен фрлач

 

Околу 12,10 часот од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана во Полициската станица Неготино било пријавено дека истиот ден околу 12  часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

 

 

 

29.05.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега