"Дај ни 300 евра или маж ти ќе ги види твоите голи фотографии"
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 36-годишниот Џ.Л. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ и против 40-годишниот Б.Г. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривичното дело - „уцена“.
Во текот на јули 2017 година, првопријавениот ја уценувал Н.П. од село Петралинци, дека доколу не изврши уплата од 300 евра на негова сметка, истиот ќе ги испрател интимните фотографии од неа на нејзиниот сопруг.
И второпријавената, од нејзиниот телефонски број, испратила пораки со уценувачка содржина на Н.П., а во врска со уцената која и ја упатил првпријавениот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа