Жена ранета на улица итно пренесена на скопските Клиники - се нашла на погрешно место во погрешно време
Со пострелна рана на десната потколица е повредена 53-годишна скопјанка вчера попладне во Скопје, откако ја погодил куршум испукан од разбојници кои ограбиле кривопаланчанец кој излегувал од зграда на ул. „Руди Чајавац“ и му одзеле 10.000 евра.
Полицијата информира дека вчера во 16 часот и 30 минути на улицата „Руди Чајавец“ во Скопје две непознати лица со моторцикл непозната марка, од кои едниот вооружен со пиштол, било извршено разбојништво врз 49-годишниот М.С. од Крива Паланка, кој во тој момент излегувал од зграда, при што му одзеле 10.000 евра кои ги носел со себе. При напуштање на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум и повредило случаен минувач.
Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза" каде и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа