Скопјанец го прегазиле на Партизанска и го оставиле да лежи на улица

 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “8-ми Септември“, 50-годишниот  К.К. од Скопје пријавил дека на вчера околу 22,20 часот на платото од бензинска пумпа на булевар “Партизански Одреди“ како пешак бил удрен од патничко моторно возило “Фолксваген Голф 3“ со непознати регистарски тознаки при што возачот по незгодата го напуштил местото на настанот.

По незгодата со друго возило К.К. бил пренесен во болницата и од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

01.06.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега