Македонската економија порасна за 3,9%
Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти, објави Државниот завод за статистика, пренесе МИА.
Според објавените податоци во второто тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништото 33,2 проценти, Сообраќај, складирање и врски од 7,5 и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 4,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 3,5 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 75,9 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 1,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 1,3 отсто