Пиштол и дрога пронајдени во „Опел Калибра“ - двајца бељаџии од Тетово паднаа во рацете на МВР
Утринава околу 3 часот, тетовската полиција пронајде марихуана и пиштол во автомобил „Опел Калибра“, информирал портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА.
Во автомобилот кој бил паркиран на булеварот „Маршал Тито“ седеле 21 годишниот тетовчанец В.А. и 18 годишниот М.Љ.
Кај М.Љ. биле пронајдени зипер кесичка со засега непозната тревкаста материја и една цигара направена од истата материја. Под седиштето на возачот, пак, бил пронајден пиштол во кој немало куршуми.
Полицијата, пренесува МИА, ги привела момчињата и ги предала предметите на вештачење.
14.09.2013 - 11:27