Европа преплавена со 122.285 азиланти од Балканот

 

Според податоците на Евростат, од 2009 година до мај 2013 година во земјите од Европската унија азил побарале вкупно 122.285 лица од Западен Балкан, јавува Анадолија. Тоа значи дека во просек, секојдневно азил бараат по 76 луѓе од Балканот.

Најмногу барања за азил во последниве четири години има од Србија – 61.455, а веднаш зад неа е Македонија со 26.050 барања. Тоа значи дека само од Србија и Македонија има 75 отсто од сите барања за азил од држави од тој регион во држави од Европската унија.

По Македонија, следува Албанија со 18.465, БиХ со 13.455 и Црна Гора со 2.870 барања за азил.

По години, во 2009 година од Балканот имало 9.860 барања за азил (940 од Македонија), во 2010 имало 29.680 (7.550 од Македонија).

Во 2011 година од Западен Балкан азил во ЕУ побарале вкупно 25.810 жители (5.545 од Македонија). Во 2012 година таа цифра е 43.250 луѓе што е 13,4 отсто од вкупните барања за азил во ЕУ (9.625 од Македонија).

Во првите пет месеци од оваа година од држави од Западен Балкан азил побарале 13.685 лица, а најмногу барања има од Србија – 5.405, Албанија 3.975 и Македонија 2.390.

14.09.2013 - 12:46
Фото: 
денешен

најчитано сега