Наточил бензин за 4.000 денари и си земал цигари без да потроши ни денар

 

Утринава во 03:10 часот на бензинската пумпа “Лукоил“ на улицата „Видое Смилевски - Бато“ во Тетово, непознат сторител си наточил бензин за 4.000 денари, земал три кутии цигари и “мртов ладен“ си избегал.

Полициски службеници околу 4 часот го забележале возилото на осомничениот во близина на бензинската пумпа и побарале од возачот да се легитимира. Наместо да извади документи, тој на висок тон почнал да ги омаловажува и навредува полицајците. Откако го предупредиле за последиците од таквото негово однесување, тој ги нападнал удирајќи ги со раце и нозе. Полицајците го совладале и привеле и утврдиле дека станува збор за 33 годишниот В.Д.,  против кого ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

14.09.2013 - 13:20

најчитано сега