Полицијата спречи диви трки на мотоциклисти во Скопје - едно лице приведено

 

Едно лице е приведено поради сомнение за сторено кривично дело, а вкупно 135 мерки за сторени сообраќајни прекршоци се преземени од страна на Министерството за внатрешни работи во рамки на синоќешните контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

Издадени се 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.

Контролите се спроведени вчера во периодот од 20:00 до 01:00 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР-Скопје на булеварот „Партизански Одреди" и улицата „Христијан Тодоровски Карпош", со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Привремно се задржани два мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила. 

СВР-Скопје, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

 

 

 

08.06.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега