Струмичанец се обидел да силува малолетно девојче додека било само дома
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот М.К. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. На 06.06.2018 година околу 10:00 часот во Струмица, во куќата на С.Д., додека таа не била присутна, пријавениот се обидел да изврши други полови дејствија врз нејзината малолетна ќерка. Девојчето давало активен отпор, по што пријавениот избегал.
08.06.2018 - 15:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа