Драма во Тетово: Влегол со автоматска пушка, го нападнал обезбедувањето и им го земал автомобилот

 

Вчера околу 09 часот и 46 минути било пријавено дека во Тетово на улица „109“ непознато лице кое дошло со скутер и вооружено со автоматска пушка одзело возило на Агенција за обезбедување.

Имено, 31- годишниот А.Д од село Брвеница, и 26- годишниот С.С вработени во Агенција за обезбедување на објекти и лица со возило носеле парични средства за потреби на маркети. Притоа откако А.Д. влегол во продавница на улицата “109“, во истиот момент напаѓачот прво го удрил совозачот С.С. и потоа го стратувал возило и се упатил во непознат правец, се вели во соопштение од МВР.

По преземени мерки возилото било пронајдено на улицата „Видое Смилески-Бато“, а од извршениот преглед на возилото констатирано било дека била одземена една торба во која имало пари од прометот кој претходно бил собран.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

09.06.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега