Нападнати полициски службеници во Битола - две лица уапсени
Полициски службеници кои извршувале службено дејствие вчера околу 10:10 часот утрината биле нападнати од две лица.
Имено, на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициските службеници вршеле службено дејствие од областа на безбедноста во сообраќајот и преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, 27-годишниот З.А. и 24-годишната С.А, од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отстранувањето на возилото. Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Лицата се приведени во полициската станица Битола за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа