Кражба во маркет во Скопје: Собрал се од сефот, па со електрошок ја нападнал вработената
Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје ќе поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.Ј. од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „Разбојништво во обид“ предвидено и казниво по член 237 од Кривичниот законик.
Имено, горепријавениот, кривичното дело го извршил на 27 мај околу 20:30 часот во маркет лоциран на улица „Шекспирова“ каде облечен со дуксер со качулка и безбол капа на главата влегол во канцеларијата на раководителот и прво со закана со нож од истата побарал да му ги даде парите од сефот, а потоа ја нападнал со палка за електро шок, при што и нанел повеќе телесни повреди по телото.
Веднаш по нападот, додека Д.Ј. сѐ уште бил на местото на настанот, во канцеларијата влегле две вработени во маркетот, кои физички му се спротиставиле при што успеале делумно да го совладаат, но истиот успеал да избега. По преземени мерки лицето е лишено од слобода на 07-ми овој месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа