Несреќа попладнево во Македонија: Автобус прегази жена - на пат кон болница починала
Попладнево се случи трагедија на македонските патишта.
Околу13:10 часот на улица „Лески“ во Штип, автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од 52-годишниот В.С. од Штип, удрил во 74-годишната С.А. од Штип. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14:50 часот починала, објави Курир.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
11.06.2018 - 17:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа