Вработете се во Охридска банка за плата од 25.000 денари

 

Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата, е универзална банкарска институција која нуди широк спектар на домашни и меѓународни банкарски услуги.

Групацијата е една од водечките меѓународни банкарски институции, со 148-годишно искуство и традиција со јасна визија за развој и ефикасно управување.

Нејзините 160 000 вработени во 76 земји, придружуваат повеќе од 32 милиони клиенти низ целиот свет.

За своите потреби Охридска банка огласува слободии работни моста за 2 (двајца) извршители за Скопје и Охрид за следниве позиции:

1. ИТ поддршка и администратор на бекап локација (Скопје)

Кој ќе биде одговорен за:

• Администрирање на околината за ИП телефонија

• ИТ поддршка за корисничка околина

• Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата, организација на сервис на опремата

• Администрација на ИТ бекап локацијата како 2-ор администратор

2. Специјалист за развој на системите од областа на работењето со платежни картички/ електронските плаќања (Охрид)

Кој ќе биде одговорен за:

• Учество/раководење на проекти поврзани со картично ра6отење/електронски плаќања

• Следење и имплементација на регулативата издадена од картичните системи MasterCard / Visa

• Комуникација со картичните системи MasterCard / Visa

• Подготовка на извештаи специфицирани од страна на картичните системи MasterCard / Visa

• Проверка дали политиките на издавање/прифаќање на картички се во согласност со општите правила и услови пропишани од картичните системи MasterCard /Visa

• Активно учество во развој/тестирање на апликациските модули за платежни картички

• Бизнис анализа

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

За Позиција бp. 1: ВСС-Електротехнички факултет (насока информатика) или сроден факултет; Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност; Потребно е одлично познавање на Windows системска околина (Win­dows Server); Познавање на: MS SQL Server, ИП Телeфонија, познавање на хардвер (персонални компјутери. печатари, сервери). Потребно в познавање на корисничка Windows околина (Windows 7, Windows ХР), познавања на Cisco мрежни уреди. Добро познавање на англискиот јазик; Добри комуникациски и аналитички вештини; Возачка дозвола (Б категорија)

За позицијата бр. 2: ВСС од областа на техничките науки (предност информатика). Пожелно е искуство во областа на работа со платежни картички (издавање и прифаќање), познавање на правилата на картичните организации VISA и MasterCard / електронски плаќања. Искуство од областа на раководење со проекти. Потребно е напредно познавање на англиски јазик, MS Office, познавање на Transact SQL, познавање на MS Project. Самоиницијативност, комуникативност способност за работа во тим, континуирано учење.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа;

Основната нето плата ќе биде дефинирана согласно работното искуство, но не повисока од 25.000.00 денари.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Контакт:

[email protected]

14.09.2013 - 23:01

најчитано сега