Притвор за двајца скопјани кои со своето возило превезувале илегални мигранти
Двајца скопјани си заработија кривични пријави поради криумчарење мигранти.
40-годишниот скопјанец А.Б. и неговиот 40-годишен сограѓанин В.К. во текот на вчерашниот ден се фатени како превезуваат илегални мигранти. Тие во 3 часот, кај раскрсница Валандово, биле затекнати со 20 мигранти од Сомалија и Авганистан, меѓу кои имало и малолетни лица.
Пријавените за паричен износ од 15.000 денари за лице, ги превзеле мигрантите пред влезот на с.Богданци и требало да ги превезат до Куманово.
Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
16.09.2013 - 13:09