СДСМ: Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста
Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението од кабинетот на претседателот.
„Постигнатиот Договор со кој е става крај на 25 годишниот спор го зајакнува македонскиот идентитет и е важен чекор за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет, од сите демократски лидери.
Најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум е во најмала рака скандалозна за секој нормален, одговорен политичар. Претседател на држава не треба да се спротивставува на волјата на граѓаните, на огромното мнозинство граѓани, туку да ја почитува.
Иванов не смее да се става над законите и Уставо, тој е должен да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот“, се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа