БЕСА: Заслужена поканата за НАТО

 

Одлуката на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, за да и се додели на Република Македонија покана за членство во северно-атлантската алијанса претставува вест од историски размери за нашата држава. Иако целиот процес беше, со многу перипетии и пожртвуваност, денес сето тоа беше валоризирано. Денес стана реалност изгубената можност во 2008, стои во соопштението на БЕСА.

Според БЕСА, за оваа покана се заслужни граѓаните на Македонија, до кои преку соопштението упатија честитка за овој голем ден, меѓутоа и домашните политички актери ја извршија својата работа, вклучувајќи ја и заложбата на Движењето Беса, што се потврди со приклучувањето кон ова влада, со намера да биде дел од поновата историја на земјата и воедно да го исполни даденото ветувањето на граѓаните и нејзините гласачи дека, независно од политичката цена, БЕСА ќе биде дел од членството на земјата во НАТО.

„По овој повод БЕСА потенцира дека членството на Република Македонија во НАТО е храбра одлука и нова можност за доброто на нашите граѓани, кое се реализира во име на западните вредности, стабилноста на регионот и развојната перспектива“, се вели во соопштението.

 

 

 

12.07.2018 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега