Утврден идентитетот на младиот скопјанец кој загина кај Битола
Како што веќе објавивме, млад скопјанец го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Битола - Демир Хисар.
Од битолската полиција за МИА потврдиле дека во несреќата учествувале камион „Форд-Транзит“ со скопски регистрации управувано од 24 годишниот скопјанец М.Д., и товарно возило „Мерцедес -Вито“ со битолски таблици зад чиј волан бил 27 годишниот радовишанец И.С.
Тешки телесни повреди заработил и радовишанецот, информираат од полицијата, пренесува МИА.
- По сообраќајната несреќа на пат кон битолската болница М.Д. од Скопје починал, додека И.С. од Радовиш е во тешка здравствена состојба. На местото на настанот излегоа екипи на СВР-Битола и истражен судија кои ги испитуваа причините за тешката сообраќајна несреќа, вели за МИА, Магдалена Димитровска, портпарол на СВР-Битола.