СДСМ: Граѓаните имаат право и заслужуваат да ги прослават постигнатите успеси
СДСМ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку и да не може да го прифати успехот на внатрешен и надворешен план на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека граѓаните имаат право и заслужуваат достоинствено да ги прослават постигнатите историски успеси.
Според нив, поканата за влез во НАТО е остварување на стратешките интереси, реализирање на целите поставени уште од денот на осамостојувањето и токму поради тоа треба да се прослави.
„Македонија има причина да слави бидејќи поканата освен што е остварување на децениски заложби истовремено со себе обезбедува поставување и исполнување на нови стандарди коишто ќе носат секојдневни придобивки и ќе ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ конечно мора да се одважи и да престане да врши притисок врз музичарите кои на чесен и транспарентен начин учествуваат во прославата на еден од најголемите успеси.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од создавањето поделби и сеењето омраза кое е насочено кон граѓани и кон музичари.
Македонија оди напред и запирање нема, граѓаните велат ДА за членство во НАТО и ЕУ, велат ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа