Пробиштип: Си го претепал соселанецот без никаква причина

 

Синоќа десет минути пред полноќ во полициската станица во Пробиштип од Итната медицинска помош е пријавено дека  младо момче од Злетово побарало лекарска помош, а на неговото тело имало видливи повреди.

Се работи за 22-годишниот Ф.Д. кој истата вечер бил нападнат на улицата „Маршал Тито“, од страна на 39-годишниот Д.М. инаку негов соселанец.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

17.09.2013 - 12:04

најчитано сега