Ѓорѓиев: Стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти

 

Владата ќе спроведе проект преку кој ќе обезбеди стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти со цел да им помогне во работењето, истакна денеска владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев.

Компаниите од денеска добиваат можност да аплицираат на владиниот јавен повик со кој ќе покажат интерес за добивање помош од странски експерти во различни области.

Како што информира Ѓорѓиев, за ангажирањето на експертите во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно трошоците, а во определен број случаи по извршени анализи и консултации многу мал надомест ќе треба да обезбедат компаниите. Компаниите што ќе аплицираат треба да имаат два последователни финансиски извештаи, да работат најмалку две години и да имаат повеќе од пет вработени.

- Особено се охрабрува пројавување интерес за користење експерти од областа на технологијата на работа на компанијата и техничко-технолошкиот процес што би можеле да придонесат за поголема ефикасност и ефективност во деловниот потфат, во обезбедување подобро производство и повисок принос, подобрување на дел од производствениот процес, како и повисока вредност и конкурентност на производите или услугите кои ги нуди компанијата, истакна Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

Наредните 40 дена по писмен или по електронски пат сите заинтересирани можат да аплицираат.

17.09.2013 - 12:11

најчитано сега