ВМРО-ДПМНЕ: Заев да им се извини на медиумите

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи.

Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура.

Премиерот Зоран Заев мора веднаш да се извини на медиумите за недоличното однесување кон професионалците кои само ја вршеа својата работа информирајќи ја јавноста.

Премиерот Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми кои со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите.

Само со преземање на овие чекори Премиерот Зоран Заев ќе покаже дека сериозно се залага за медиумските слободи.

 

 

 

18.07.2018 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега