„Демократски сојуз“: Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите

 

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните, соопшти Демократскиот сојуз.

„Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум. Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите“ наведуваат оттаму.

Од партијата велат дека доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои Уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евроатланските процеси.

„Демократскиот сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија.Членство во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој“ се вели во соопштението од партијатра на Демократски сојуз.

 

 

 

 

 

19.07.2018 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега