Скопјанец прегазил дете: Излегол да помогне но го претепале
Во 22 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 24-годишниот Д.Т. пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на две непознати лица бил физички нападнат со удари од тупаници по главата и телото.
До физичкиот напад дошло, според кажувањето на пријавителот, во моментот додека тој го управувал своето возило, малолетно дете се удрило во десното крило од возилото.
По ова тој сопрел, излегол од возилото да му помогне на дететот но веднаш бил нападнат од лицата.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
22.07.2018 - 14:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа