Груевски ќе се обрати пред домашните стопанственици
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе се обрати пред домашните стопанственици. Според најавите, во фокусот на неговото обраќање ќе биде извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што ќе бидат опфатени другите актуелни економски теми.
Освен Груевски, на настанот е најавено присуство на сите министри од македонската Влада.
Минатата година, премиерот пред стопанствениците зборуваше за целосното исплаќање на долгот кон стопанството по основа на поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ), како и по основа на извршени услуги кон државните институции.
Откако ќе заврши обраќањето на Груевски, предвидено е претставниците од бизнис секторот да остварат директен контакт со ресорните министри, да постават свои прашања и да дадат свои идеи со конкретни предлози за подобрување на деловното економско опкружување.
Настанот е организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).