ВМРО-ДПМНЕ: Блиндираниот „мерцедес“ е поевтин од цвеќето на Владата

 

Време е криминалниот картел да си замине од власт. Граѓаните немаат обврска да им плаќаат цвеќиња и кафиња во вредност од 700.000 евра. Граѓаните немаат обврска да им плаќаат тури по грчките плажи на децата на функционерите со службени возила, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ нема одговор за аферите и скандалите со јавните набавки и расипништвото за личните луксузи.


„Панично правдајќи ги 700 илјади евра за цвеќе и кафе, ги споредуваат со набавката на владиниот ‘мерцедес’. Точната споредба вели дека блиндираниот ‘мерцедес’ е поевтин од цвеќето и дека во него се возат Заев и неговите гости. Власта не кажува дека ги задолжи граѓаните со 700 илјади евра за дел од болницата во Штип, а сега исто толку дава само за цвеќиња. Кланот на власт треба да одговори до каде е продажбата на ‘мерцедесот’ во кој сега се вози нивниот лидер, но и дали ќе инсистира на цвеќе на сметка на нов загубен живот во здравството?“, се додава во реакцијата.

 

 

 

24.08.2018 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега