„Кризен штаб против референдумот“: Спасовски призна дека ги следат противниците на референдумот

 

Од т.н. „Кризен штаб против референдумот“ реагираат во врска со изјавите на министерот Оливер Спасовски за следење на платформата #Бојкотирам.

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција призна дека МВР и надлежните служби ги следат противниците на референдумот.

Ова е скандал сам по себе да се следат од МВР неистомислениците од Кризниот штаб против референдумот иако плурализмот е една од темелните вредности во Уставот на Република Македонија.

Да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот на 30 септември, нема основа во Уставот и законите на Република Македонија.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за бојкот на референдумот и секој кој размислува различно од пучистичката власт, нема да успее.

За кршењето на Уставот со полициското следење на бојкотирачите на референдумот, одговорност мора да има“ се вели во соопштението на „Кризниот штаб против референдумот“.

 

 

 

25.08.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега