
ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со години го силуваа Скопје, а наместо да ги следат потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски спроведуваа криминални проекти за да ги остварат замислите и желбите на Никола Груевски, реагира СДСМ на денешната изјава на советничката Ирена Попова.
„Загаден, нечист и затворен град е резултатот од децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје. Масовната партизација и злоупотребата на администрацијата завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес администрацијата и на локално и на државно ниво се професионализира и работи во интерес на граѓаните, а не како досега во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што новата градска администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, го градат Скопје како отворен и функционален град што работи во интерес на граѓаните. Очигледно е, ВМРО-ДПМНЕ ниту на власт, ниту во опозиција не работи во интерес на Скопје и неговите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ.