АА: Села добива закани по живот - МВР со едни стандарди за Македонци а други за Албанци

 

„Го повикуваме Јавното Обвинителство и Министерството за Внатрешни работи, под итно да преземаат законски мерки и да ги најдат заканувачите на Претседателот на Алијансата Зиадин Села. Овие се кукавички закани од хулигани кој постојано упатуваат навреди кон Пратеникот и Претседател на Алијансатаг. Зиадин Села потсетувајќи го за 27 април, и тоа со жалење зашто не им подлегнал на раните во моментот кога сите мислеле дека е мртов. Една таква закана синоќа беше упатена од Фб профилот ,,Македонски лавови."“ - се вели во соопштението од партијата на Села.

„Ја потсетуваме јавноста дека овие закани воопшто не го плашат Претседателот Села и Алијансата за Албанците, но истите влијаат во нарушување на меѓуетничките односи, посебно кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите.

Го потсетуваме МВР и Јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон Премиерот Зоран Заев кога МВР и Обвинителството експресно ги пронајдоа сторителите кои што упатија слични закани како вчерашниот настан со Пратеникот Зиадин Села.

Се поставува прашањето дали во овој случај институциите ќе преземаат мерки против заканувачите на Зиадин Села? За жал, тешко дека ќе бидат преземени мерки бидејќи обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанци и други за Македонци.

Алијансата за Албанците апелира и до нашето членство како и до сите граѓани да не подлегнат на ваквите провокации, а институциите да ги преземаат сите мерки и да ги казни сторителите, во спротивно ќе ги сметаме како соработници и наредбодавци на хулиганите кои што поттикнуваат етничка омраза.“ - потенцираат од партијата

 

 

 

27.08.2018 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега