Поповски: Странските инвестиции ги даваат своите благодети - 1050 лица вработени за една година во „Дрекслермаер”
Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска истакна дека илјада и педесет лица се вработени за една година во германската фабрика „Дрекслермаер” во Кавадарци.
- Странските инвестиции почнаа да ги даваат посакуваните благодети поради што и почна да се намалува бројот на невработени, посочи тој пред кавадаречките бизнисмени, презентирајќи ги активните мерки и програми за вработување кои се нудат од страна на државата на работодавачите.
Присутните на средбата изразија задоволство од мерките кои се нудат, откривајќи дека дел од нив веќе користеле некои поволности кои се можни при вработувања.
19.09.2013 - 16:17
Фото:
кавадарци.инфо