Османи: На 27 септември 40 члена делегација ќе оди во Брисел за отпочнување на преговори

 

 

Делегација од над 40 лица од Македонија на 27 септември за првпат од тој обем ќе го посети Брисел за да ги започне првичните комуникации околу скринингот пред започнување на преговорите за членство во ЕУ.  Ова го истакна вицепремиерот за евро интеграции Бујар Османи при денешната посета на компанијата Везе Шари и Лекер во тетовското село Требош. Тој посочи дека Македонија е длабоко навлезена во процесот на подготовки, скринигот и отпочнувањето на преговори со ЕУ. 

- Таа делегација треба да слушне што Брисел очекува од нас и по враќањето треба да се направи пресек до каде сме во сите области за да го утврдиме просторот што треба да го надополниме во текот на преговорите. ЕУ не е само висока политика, туку тоа се секојдневни мали, ситни стандарди што значат живот за луѓето но и за компаниите и бизнисите. Преговорите со ЕУ се најсложената и најкомплексната операција што една Влада ги прави. За таму да влеземе подготвени ќе ни треба подршка од сите, рече Османи.

При  разговорите со сопственикот на Везе Шари Арбен Абдурахмани информирал дека веднаш по постигнувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција, како и можноста за зачленување во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ била отворена можноста за нова инвестиција во вредност од 30 милиони евра со над 2.000 нови вработувања.

 

 

 

07.09.2018- 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега