ИК на Либералната партија: Граѓаните на 30 септември да ја поддржат РМ кон НАТО и ЕУ

 

Свесни за предизвиците при имплементацијата на преспанскиот договор, но и за потребните чекори за остварување на националните стратешки цели, Либералната партија сака да даде придонес кон донесувањето на тешката, но правилна одлука за сегашноста и иднината на државата и граѓаните низ позитивно изјаснување на референдумот, се вели во соопштението на Либералната партија.

„По опсежни консултации, Извршниот комитет на Либералната партија одлучи да ги повика граѓаните да ја искористат можноста на 30 септември да го поддржат патот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ“, велат од партијата и додаваат:

„Немаме дилема дека убедлива волја на македонските граѓани од сите припадности е земјата да биде членка на овие два сојузи.

Либералната партија цела деценија предупредуваше дека оваа одлука треба да се донесе низ институциите, без поделбите што неминовно ги предизвикува референдумскиот процес дизајниран од Груевски за избегнување на одговорноста од политичко водење и одлучување.

Но, во вакви околности никому не му е сеедно и ниту еден политички субјект ниту поединец не може да остане без став“, стои во соопштението.

 

 

 

10.09.2018 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега