Амди Бајрам за ВМРО-ДПМНЕ: Магарето мора малку да го боцкаш

 

Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ги повика ромските гласачи да излезат и да гласаат ЗА референдумот. ,,Да излеземе на тој ден, што порано и што помасовно за референдумот да биде успешен”, порача Бајрам.

Според него, иако има партии што нема да го поддржат референдумот, народот и членовите на тие партии скришум ќе гласаат. Референдумот треба да успее, треба да се гласа, порача тој.

 

,,Ромите во Македонија и за време на првиот референдум за самостојност на државата и гласаа во најголем дел. Во Македонија, Ромите ги имаат сите права, тие се во преамбулата и во Уставот и се лојални на државата. Кога треба да се донесе некој закон ние сме тука. Лојални политичари сме, секогаш застануваме од страната на државата. Секогаш даваме се што можеме”, рече Бајрам.

 

Тој информираше дека Претседателството на Сојузот на Ромите заседавало и одлучило да го поддржи референдумот. ,,Ќе гласаме “ЗА”. Тоа “ЗА” е за граѓаните, за македонските граѓани. Во тоа гледам ангажираност, едногласна одлука за работа. Сите Роми работиме заедно, бидејќи се работи за сите нас, за НАТО и за стабилна држава, за да влеземе во ЕУ. Да илеземе што порано и помасовно тој ден за референдумот да биде успешен”, рече Амди Бајрам.

 

Запрашан за ставовите на опозицијата околу претстојниот референдум за името кој треба да се одржи на 30 септември, Амди Бајрам вели: ,,Јас не би ги коментирал ВМРО-ДПМНЕ, ама мислам дека при крај ќе надвладее разумот кај нив. Се работи за Република Македонија. Ние немаме друга држава. Цело време се работи за интеграцијата во НАТО и ЕУ. Знаете, магарето застанало на улица и несака да шета, па мора малку да го боцкаш. Не е во ред да го бојкотираат референдумот, нека дадат повик да се гласа “за” или “против”, истакна тој.

 

Бајрам рече дека Сојузот на Ромите е веќе на терен. Тој очекува 47 илјади гласа “за”. Амди Бајрам апелираше до политичите партии, невладините организации, сите да размислат за внуците и поколенијата, со тоа да гласаат “за” Република Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

 

 

 

12.09.2018 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега