Британскиот министер за Европа и Америка, утре ќе ја посети Македонија

 

Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан  и неговиот домаќин Никола Димитров.

Сер Алан Данкан и Димитров, како што соопшти МНР, ќе се осврнат и на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит.

Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај, нагласува МНР.

 

 

 

17.090.2018-16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега