Зекири во Дебар: Против референдумот се само криминалците, кои немаат ниту вера ниту нација
Дебар ќе гласа За на референдумот, а така ќе биде и во другите градови во нашава земја. Против се само кримниналците во земјава, кои немаат ниту нација ниту вера, кажа потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Мухамед Зеќири.
Тој пред дебарчани истакна дека референдумот е од историско значење по што треба да се постават стандарди каде што ќе фунционира законот, онака како што фунционира тој во земјите на ЕУ.
– Нема да има привилегирани личности ниту групи и сите ќе бидеме исти пред законот – рече Зекири и додаде дека Македонија во пресрет на референдумот добива и силна подршка од светски лидери.
– Силно веруваме дека на 30. септември Македонија ќе има успешен референдум со што се отвара патот за членство во НАТО и ЕУ. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле кон законот, тоа е и обврска на Македонија пред ЕУ бидејќи реформите мора да се спроведат –кажа Зеќири.
Дебарскиот регион има голем број на печалбари во земјите на ЕУ. Со референдумот ќе се создадат услови за повеќе вработувања во земјата а тие кои се надвор на печалба, фактички ќе го почуствуваат и благодетот на Македонија како членка на ЕУ, истакна на отворената трибина Зеќири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа