Ахмети од Боговиње: За 15 месеци ќе станеме членка на НАТО

 

Демократската Унија за Интеграција по Општина Брвеница ја посети и Општина Боговиње, каде пред граѓаните на општината се појасни важноста од гласањето на референдумот на 30 септември. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека овој е моментот кога сите заедно, Албанци и Македонци се во иста линија за зачленување на земјата во НАТО и Европската Унија.

„Најголемата вредност на Договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност зачленувајќи се во најголемата политичка - воена организација НАТО и Европската Унија. Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември, затоа што после овој датум се отвараат вратите на НАТО каде после 15 месеци ќе бидеме полноправна членка и за ова Ви гарантирам. На 30 септември се отвараат вратите и за влез во Европската Унија, за што во јуни следната година ќе почнат преговорите за членство. Затоа ајде сите заедно на 30 септември да гласаме за иднината на новите генерации" - рече Ахмети.

 

 

 

18.09.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега