Левица: Сегашното референдумско прашање содржи три прашања

 

На референдум мора за секое прашање да има посебно гласачко ливче оти на референдум се гласа само со “ЗА” или “ПРОТИВ”. Сегашното референдумско прашање содржи три прашања. Едно прашање е за Договорот, другото за НАТО и третото за ЕУ. Во ситуација на три прашања, а едно гласачко ливче, граѓанин може да гласа ЗА, само ако е и за Договорот и за НАТО и за ЕУ. Граѓанин може да гласа ПРОТИВ, само ако е против Договорот, против НАТО и против ЕУ. Но, можни се уште шест комбинации и во останатите шест комбинации не е можно да се гласа со “ЗА” или “ПРОТИВ”.

Според член 15 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, на едно гласачко ливче мора да има само едно прашање. Ако има повеќе прашања, за секое прашање треба да се даде посебно гласачко ливче. На сегашниов референдум ни се поставени три прашања, а ќе биде дадено едно гласачко ливче, велат од Левица.

 

 

 

19.09.2018 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега