Али Ахмети на средби со европратениците: Нашата вистинска насока е Западот

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција , г. Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со пратениците на Европскиот Парламент, Алојз Петреле, EPP Словенија, Билјана Борзан  S-D,Хрватска,  Мишел Крамер Verts/ALE,   Германија, Џон Ховарт  S-D,  Велика Британија, Туне Келам EPP, Естонија, Ивана Малетиќ EPP, Хрватска,  г. Димитрос Пападимулис GUE/NGA,  Грција, Маријана Петир EPP, Хрватска,  г-ѓа Мариа Спираки  EPP, Грција како и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, г. Самуел Жбогар.
 
Г. Ахмети им се заблагодари на гостите кои доаѓаат во подршка во овие важни моменти за нашата земја и се постројуваат во подршка на евроатланската иднина на Македонија. 
 
Овие посети следат после успесите како што се Договорот со Бугарија, итните реформи , заокружувањето на Охридскиот Рамковен Договор  и Договорот со Грција, во пресрет на референдумот.
 
На референдумот се одлучува и за мирот,  безбедноста, стабилноста и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи како и за Евроатланската интеграција. 
 
Г. Ахмети истакна дека од Договорот од Преспа  нема губитници, туку само победници затоа што победуваат граѓаните, победува Македонија, Грција, регионот и Европа. 
 
Европратениците едногласно изразија подршка за Евроатланските аспирации на Македонија и ги охрабрија домашните сили да го продолжат патот кон Брисел. 
 
На крај, г. Ахмети истакна дека историјата во неколку случаеви се повторува и Првата светска војна, различно од Втората, уште не е завршена бидејќи денешните последици во Југоисточна Европа доаѓаат како резултат на одлуките на Версајската Конференција, но и од порано, од Берлинската конференција.
 
Затоа, во овие клучни моменти,  кога ние се наоѓаме на крстопат, треба да се ориентираме на вистинската насока, на запад.
 

 

 

19.09.2018 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега