Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е познат по лавот како симбол, колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред големиот број на присутни граѓани претседателот Мицкоски порача дека Република Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени туку водени од политичарите и тоа по траекторија која ќе биде исклучително темелена на принципиелност, чесност и искреност, односно како што нагласи тој овие три збора се многу значајни бидејќи се карактерна особина на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните на Република Македонија.

-Нас не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните, вели тој.

Потпретседателот Мисајлоски додаде дека и покрај тоа што Македонија и граѓаните се наоѓа во едно тешко време, ВМРО-ДПМНЕ е познат по еден симбол а тоа е лавот, додавајќи дека колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува.

-Кога многу граѓани или многу интелектуалци велат да се изгради став јас би им порачал вака „Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат бидејќи е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како ќе биде измачуван, прогонуван, зошто е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како се мачи тој и како ќе падне на колена и неговата глава. Но, јас морам да ви кажам нешто лавот кога е најдолу повторно секој има страв од лавот  и тој се воздигнува и победува. Затоа борбата секогаш ќе продолжи, вели тој.

 

 

 

21.09.2018 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега