Стравична смрт: Жена се удавила во септичка јама
Вистински шок доживеал жител на Прешево откако во средата во полското веце во дорот, кое ретко се користело, пронашол мртва жена. Веднаш повикал полиција. Откако била извлечена, истрагата констатирала дека станува збор за 55 годишна жена од прешево која се води за исчезната уште од јуни, минатата година. На нејзиното тело веднаш била направена обдукција. Вештаците во судската медицина во Врање констатирале дека на телото нема траги на насилство и дека жената најверојатно паднала и се удавила во септичката јама. Случајот бил затворен како несреќа.
20.09.2013 - 21:44