Страшна сообраќајка во Македонија: Починал на пат кон болница

 

Во 15,15 часот вчера на регионалниот пат Кичево-Битола, кај село Видрани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот К.П. од село Козица, кичевско и патничко моторно возило „Лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од 69-годишниот В.П. од село Другово.

По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар.

На сопатничката од возилото „Лада“ од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

25.09.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега