СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае дека огромното мнозинство граѓани е ЗА европска Македонија

 

Залудни се измислиците и конструкциите на опозициската партија, граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку бојкотот што активно го организираат, насилно да ја блокираат македонската иднина, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Граѓаните се определени за напредок, интеграција и развој и затоа во недела масовно ќе излезат и ќе гласаат ЗА европска Македонија. Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран“, се наведува во соопштението.


Како што се ближи датумот за референдум, додаваат од СДСМ станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани.

 

 

 

26.09.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега