Мицкоски за резулатите од референдумот: Повеќе од 50.000 гласа се брутално наполнети во кутиите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа ги оспори резултатите од вчерашниот референудм.
-Многу пати сме го виделе Заев да каже, па да се демнатира. Законот е јасен, бројките се јасни што значи успешен референдум. Она што е потрагично е дека и тие бројки што ги презентираше не се такви. Законот е јасен и стои дека за успешен рефереудм треба 50 отсто плус еден. Далеку сме од таа бројка, и покрај сите девијантни појави вчера и како револвераши се појавија на избирачките места низ Македонија. Повеќе од 50 илјади гласа се брутално наполнети во кутиите, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа