Убиецот на грчкиот рапер Павлос Фисас се појави на суд

 

Осомничениот за убиството на познатиот грчки рапер Павлос Фисас, кое предизвика протести ширум земјата и ги зголеми општествените тензии, денеска се појави пред суд во придружба на огромно обезбедување.

Четириесет и пет годишниот Јоргос Рупакијас признал дека е близок до неонацистичката партија „Златна зора“, пристигнал во судницата во Пиреус, во близина на Атина, носејќи заштитен елек на себе.

Тој се појавил пред истражниот судија во придружба на огромно обезбедување, а полицијата и специјални единици ја опколиле зградата на судот.

Рупакијас е осомничен дека го избодел со нож 34-годишниот музичар во средата утрото во еден кварт на Атина, а полицијата соопшти дека тој го признал злосторството веднаш по апсењето.

 

„Златна зора“ веднаш ја демантираше поврзаноста со наводниот убиец, но наскоро се појавиле фотографии на кои Рупакијас учествува во активностите на партијата, а членови на неговото семејство наводно работеле за оваа организација.

21.09.2013 - 12:31

најчитано сега