Јанчев: Јас би ја прифатил амнестијата и би гласал за промена на Уставот

 

Ајде да ја направиме таа амнестија за настаните во Собранието на 27 април. Таа работа треба да заврши во Парламентот, со едногласно крената рака, вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле.

Вели дека вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев за помирување и простување, го разбрал како „ослободување на луѓето кои во еуфорија на 27-ми април, ненамерно направиле глупост“.   

За влијанието на ваквата постапка врз правната држава Јанчев вели дека ние, правна држава треба допрва да градиме.

„Бидејќи, таа не важеше ни кога се кршеше Деловникот во Собранието, не важеше ни кога се носеа некои закони... Да не се враќам наназад и да набројувам колку пати правната држава била компромитирана. Еве, да ставиме крај на тоа што било, и да почнеме да ја градиме“, кажал Јанчев.

За актуелната дебата во Собранието за уставните измени, вели дека кога би бил пратеник би гласал за измени на Уставот, но под одредени услови, односно би поднел неколку амандмани со цел да се обезбедат дополнителни гаранции за државата

Вели дека не сака да биде во кожата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои како што вели, имаат притисоци од изгрејсонце до зајдисонце.

 

 

 

16.10.2018 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега