СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ му наштети на образованието, сега се унапредува образовниот систем

Антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ заробено во криминалната матрица на носителот на криминалот Никола Груевски, по сите штети што ги нанесе врз образовниот систем, денес нема никаков кредибилитет да зборува за образовнието, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку погубните политики и промашените проекти, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образованието, ги понижуваше наставниците и професорите и ги игнорираше потребите на учениците.

За разлика од таквиот однос кон образованието на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ посветено работи на унапредување на образовниот систем и инвестира во квалитетно образование.

Со предлог ребаланс за Буџетот за 2018 година се одвојуваат 950 милиони денари, околу 15 милиони евра за долгови на установите од областа на образованието, здравството, детската и социјална заштита под надлежност на општините, доглови направени токму поради неодговорното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За една година зголемени се средствата за ученички и студентски стандард, платата на просветните работници е покачена за 5 отсто, реконструирани се 13 основни училишта низ цела Македонија, а дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Очигледна е разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и криминалното, антидржавно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

25.10.2018 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега