СДСМ: Економијата се поставува на здрави основи и се движи во добар правец
Не постои поголемо лицемерие од она кога антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ зборува за економија и расипништво, држејќи прес-конференции во луксузниот дворец вреден милиони евра, изграден во време на најголема сиромаштија и економски пустош што го создаде токму Никола Груевски, реагираа од владејачката СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.
„Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто менторот на Мицкоски ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на криминални интереси. Сега економијата се поставува на здрави основи. Забележан е рекорден износ на странски инвестиции во првото полугодие, индустриското производство е во постојан пораст, расте просечната плата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Од партијата додаваат дека со предлог ребалансот на Буџетот се обезебдува финаниска поддршка на општините за решавање на финансиските проблеми и справување со наталожените долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел да се растоварат од проблемите и да започнат со подинамична реализација на зацртаните проекти во интерес на граѓаните, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа