Николовски: Под ниво ми е да му се извинам на Вице Заев

 

Не ми на ниво, и немам намера да се спуштам под ниво на Вице Заев. Нивото кое што го има и сите скандали околу него не ми дозволуваат да се спуштам на тоа ниво и да се извинам. Ако не се согласува со тоа што го изјавив, во јавност може да демантира и да покаже со факти дека е поинаку.

Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура. Тие се чуствуваат дека имаат воспоставено диктатура, а за сите злодела ќе одговараат, ќе дојде ден. Ова вечерва во своето гостување на ТВ Алфа го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, запрашан дали ќе му се извини на бизнисменот Вице Заев, откако тој се закани дека Николовски има три дена да се извини..

– Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.

 

 

 

26.10.2018 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега