Таравари: Заев во 2016 вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас

 

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците вечерва гостуваше во телевизија Телма каде кажадека тие нема да ја условуваат поддршката за уставните амандмани за Договорот со Грција, туку ќе се обидат да ги убедат пратениците да ги поддржат и нивните амандмани за албанските прашања.

-Албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот, со процентите, односно повторно во духот на Рамковниот договор. И во Преамбулата да стои и Рамковниот договор. Минирање на процесот е амнестија, а не нашите барања. Не е табу да збориме дека албанскиот јазик да биде уставна категорија. Ќе се обидеме и пратениците на СДСМ и ДУИ. Ние нема да условуваме, туку ќе се убедиме во Парламентот да ги убедиме пратениците. Ние никогаш не сме условувале. Мислиме дека ова е моментот кога можеме да ги убедиме пратениците да ги направат овие промени. И Заев во 2016 година вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас. Мислам дека и кај СДСМ и кај ДУИ има добра волја да ги прифатат нашите амандмани, рече Таравари.

 

 

 

26.10.2018 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега